
Масивни · MA0029
Двокрилна врата со пиластри и венец
Двокрилна врата од масивно дрво во боја на слонова коска, со по едно високо полнило во секое крило, канелирани пиластри и венец над вратата.
Боите на екранот се приближни: мустрите се во нашите салони.
Избрана обработка
Изберете дрво или боја погоре: цртежот ќе ги покаже.
Технички податоци
| Тип | Внатрешна врата |
|---|---|
| Крила | Двокрилна |
| Материјал | Масивно дрво |
| Избор на обработка | 8 материјали или RAL боја |
| Перваз | Канелирани пиластри и венец |
| На фотографијата | Слонова коска, бронзени рачки |
| Каталог | Каталог 2024, стр. 40 |
| Механичка издржливост | Класа 4, EN 1192 (тестирано) |
| Испуна | Масивно дрво, без испуна |
Документи за преземање
Опис
Кога влезот во просторијата треба да биде свечен. Двете еднакви крила имаат по едно високо полнило обрабено со профилирана летва, а канелираните пиластри со подножја и венецот одозгора го обликуваат отворот како класичен портал.
Двокрилна верзија
Ова е двокрилната верзија на моделот MA0028, прикажана во истиот ентериер, во боја на слонова коска, со бронзени рачки за повлекување во средината.
Материјали и избор
- Масивно дрво, изработено во НИПРОМ, Струмица
- 8 материјали (бел, даб, светол даб, костен, махагони, орев, венге и светло венге) или боја од RAL палетата
- Дизајни со полнила R-15 до R-34 во каталогот за 2024 година











