

Масивни · MA0014
Масивна врата со пет полнила
Собна врата од масивно дрво со пет полнила врамени со профилирани летви: две високи горе, едно хоризонтално во средината и две долу.
Боите на екранот се приближни: мустрите се во нашите салони.
Избрана обработка
Изберете дрво или боја погоре: цртежот ќе ги покаже.
Технички податоци
| Тип | Собна врата |
|---|---|
| Крила | Едно крило |
| Материјал | Масивно дрво |
| Завршна обработка | 8 материјали или RAL боја |
| Полнила | 5, со профилирани летви |
| Профили на рамка | PKPP-44, PKZP-44, ZKPP-44, ZKZZ-44 |
| Каталог | Каталог 2024, стр. 35 |
| Испуна | Масивно дрво, без испуна |
Документи за преземање
Опис
MA0014 е класична врата со пет полнила, каде секое полнило е врамено со профилирана летва. Две високи вертикални полнила горе, едно широко хоризонтално во средината и две пониски долу создаваат уреден, симетричен состав. Широкиот перваз со прави рабови ја заокружува мирната линија.
Материјали и бои
Изработена е во Струмица од масивно дрво. На фотографијата е во светол тон на даб, со квака во антички месинг, а може да ја изберете во еден од 8 материјали (бел, даб, светол даб, костен, махагони, орев, венге и светло венге) или во боја од RAL палетата.
За рамката се нудат четири профили: PKPP-44, PKZP-44, ZKPP-44 и ZKZZ-44.











