За Нас

НИПРОМ ДОО е компанија која се занимава со производство на столарија изработена од високо-квалитетно дрво. Нашата основна дејност е производство и трговија со високо- квалитетни собни врати од медијапан обложен со природен фурнир и таблени врати од масивно дрво, како и надворешна масивна столарија- врати и прозорци. На македонскиот пазар сме повеќе од 20 успешни години почнувајќи од далечната 1993та.

Во НИПРОМ ДОО денес работат повеќе од 50 вработени, вклучени во организационата структура на нашата компанија, производството и продажбата. Изработувањето на нашите производи се прави по последните ИСО стандарди и со најсовремена технологија во сите фази од производството. За нашите клиенти ова значи гаранција за квалитет и долготрајност. Кај нас секоја врата и прозорец си има своја историја, свој живот и секоја од нив совршено си го наоѓа своето место во вашите домови и јавни објекти. Работата на НИПРОМ претставува успешен спој на следење на светските трендови во областа на производството на внатрешна и надворешна столарија и доаѓање во пресрет на Вашите желби и замисли.

Седиштето и производството на НИПРОМ ДОО се лоцирани во Струмица во индустриската зона „Север“ кадешто во склоп на фабриката имаме и изложбен салон. Изложбени салони има на уште две локации на територијата на Македонија, во Скопје и во Прилеп. Посетете не во Скопје на улица Антон Попов бр.1 во непосредна близина на подвозникот во населба Црниче или во Прилеп на улица Кеј 9ти Септември број 30.